Во јули издадени 359 одобренија за градење

Во јули годинава се издадени 359 одобренија за градење, што е за 71,8 проценти повеќе во однос на јули лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.576.256.000 денари, што е за 13,6 проценти помалку во однос на јули минатата година. Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беше издадено одобрение за градење на капитален проект за изградба на магистралниот гасовод, делница Клечовце - Неготино.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 231 (64,4 проценти) се за објекти од високоградба, 40 (11,1 процент) за нискоградба и 88 (24,5 проценти) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 359 објекти, на 227 (63,2 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 132 објекти (36,8 проценти) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 956 станови со вкупна корисна површина од 72.255 метри квадратни.
Ново на Сител
-

Облачно и врнежливо време, на планините снег
-

Сиљановска-Давкова: Проширувањето на ЕУ е безбедносен императив, јасна е поддршката на Словенија и Хрватска
-

Блокиран патот Охрид - Скопје кај Ботун: Паднало дрво, автомобил излетал од патот, едно лице е повредено
-

И кравите ќе завршат во затвор: Одземениот добиток од Крива Паланка ќе биде сместен во КПД Идризово и Прилеп
-

Парното од 1 декември поскапо за 7,56 отсто
-

Кривична за Кумановец кој го полил семејниот дом со запалива течност и се заканувал дека ќе ја запали ќерката
-

Во изминатото деноноќие приведени осум возачи, седуммина управувале возило без положен возачки испит
-

Сара со модрици на лицето се појави во судот во Охрид – Корабоски не дојде, судењето одложено
