Грците си најдоа уште еден „доказ“ дека не треба да има договор за името на Македонија

Во секојдневната пропаганда за неприфаќање на зборот Македонија во името на нашата земја, и воопшто непотигнување договор за името, грчките експерти, медиуми и функционери последно употребија и едно истражување за растот на популациите во светот од 2010 до 2050 година.
Имено, американскиот истражувачки центар „Пју“ објави резултати од истражување „Иднината на светските религии - проекции за растот на популацијата 2010-2050 година“, според кое муслиманите ќе бидат мнозинско население во Македонија до 2050 година.
- Неколку држави се предвидува дека ќе имаат различно религиско мнозинство во 2050 година, во однос на 2010 година. Бројот на земји со христијанско мнозинство се предвидува дека ќе се намали од 159 на 151. Христијаните, се очекува да бидат под 50 отсто од населението во Австралија, Бенин, Босна и Херцеговина, Франција, Холандија, Нов Зеланд, Република Македонија и во Обединетото Кралство. Муслиманите во 2050 година се очекува да бидат над 50 отсто од популацијата во 51 земја, меѓу кои и Македонија и Нигерија“, се вели во истражувањето на центарот "Пју".
Ова беше доволно, грчките информативни портали, електронските изданија на некои медиуми, и грчки експерти на своите интернет страници да го претстват како „доказ“ дека Грција не треба да прифаќа никаков договор или, како што го нарекуваат, компромис, за името на Македонија.
- Она што го кажуваме веќе некое време, сега го потврди и американскиот институт Пју. Се надеваме дека Министерството за надворешни работи ќе сфати дека не треба да потпише договор со Скопје за името“, порачува, меѓу другите, и информативниот портал „Вориа“.
Ново на Сител
-

„Емирати“ по краткиот прекин, ги продолжува летовите до и од Дубаи
-

Израелската авијација го нападна Техеран, а Иран со дронови Израел и американските бази во ОАЕ и Кувајт
-

Сончевото и релативно топло време го поттикна пролетното будење на овошките
-

Расел победи на првите квалификации во сезоната 2026 во Формула 1
-

Трамп: Куба е пред колапс и бара договор со САД
-

„Емирати“ на неодредено време ги суспендира сите летови до и од Дубаи
-

Една третина од пратениците во ЕУ се жени, во Македонија 37,5 отсто
-

Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем неделен раст од 1983 година
