-->
-->
Одбележан празникот Св. Трифун во село Кучково
-->

Стотици гости од целата скопска околија присуствуваа денеска на централната прослава на верскиот празник Св.Трифун во селото Кучково, општина Ѓорче Петров. На овој ден се реже лозјето и се попрскува со осветена вода, во која има лозови гранчиња.
Како што соопшти општина Ѓорче Петров, по повод празникот, свештеници од МПЦ, Скопска епархија, одржаа свечена служба и ги зарежаа лозите во манастирот посветен на заштитникот на лозјата и овошките Св.Трифун. На прославата присуствуваше и градоначалникот на општината Сокол Митровски, кој на сите православни христијани кои го носат името на големиот светец им го честита празникот.
Постарите жители на селото се потсетуваат на илјадниците корени лозја кои во минатото ги одгледуваа кучковци, а виното пак кое го произведуваа било со висок квалитет. И денес во селото може да се сретне понекоја помала површина засадена со лозов насад. Сепак, за кучковци и жителите од околните места празникот Св. Трифун претставува вековна традиција која и во иднина ќе се негува и прославува.
Домаќини обезбедија бесплатен оброк, а прославата беше збогатена со настап на познати имиња од нашата естрада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци
-
Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон