Македонскиот граѓанин во просек годишно пие 2,2 литри вино

Полнолетниот македонски граѓанин просечно годишно пие 2,2 литри вино и 0,9 литри ракија, покажуваат податоците што во пресрет на празнувањето на Денот на виното и љубовта ги објави Државниот завод за статистика.
Во Македонија има 88 милиони пенушки засадени на површина од 23.613 хектари, а 77-те винарии произведуваат 78,5 милиони литри вино на точење и 28,05 милиони литри во шишиња. Најмногу се извезува вино во шишиња и тоа во Кина, Русија, САД и Австралија, а вкупната вредност на извозот на вино изнесува 47,7 милиони евра.
Покрај ова, во Македонија се произведуваат во домашни услови и 70.200 тони грозје и 13 милиони литри вино.
Во вкупниот промет на алкохолни пијалоци, на виното отпаѓаат 14,9 проценти, а на ракијата 3,4 проценти.
Во месецот на виното и љубовта склучени се 880 бракови и родени се 1.741 дете од кои 914 машки и 827 женски.
По Св. Трифун - заштитникот на лозарите и градинарите, крстени се 357 лица од кои 205 се викаат Трифун, а 152 Трипун.
Во Македонија има и 752 лица кои се викаат Валентин, 250 Валентино и 6.958 Валентина.
Ново на Сител
-

Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен
-

Општина Кавадарци повика заинтересираните да се пријават за Водици
-

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана со бомба на патник
-

ЕУ воспостави нов механизам за ограничување на цената на руската нафта
-

Лабрадор вклучен во терапевтскиот процес на Клиниката за психијатрија
-

Бруно Фернандеш нема да го напушти Манчестер јунајтед во јануари
-

Полска со порака до Трамп за Гренланд: Нападот на сојузниците би бил крај на светот каков што го знаеме
-

Шефицата на дипломатијата на Гренланд по средбата со Венс и Рубио: Притисокот беше неподнослив
