Две третини од српските студенти сакаат да ја напуштат Србија

Речиси две третини од студентите на Универзитетот во Ниш би сакале по дипломирањето да ја напуштат Србија и да најдат работа во Германија, САД, Шпанија или Норвешка, покажуваат резултатите од истражувањето на српската Канцеларија за дијаспора.
Според анкетата, со која биле опфатени 597 студенти од Нишкиот универзитет, дури 63 проценти од испитаниците изјавиле дека размислуваат да ја напуштат Србија.
Најголемиот број од нив изјавиле дека би сакале да заминат да живеат во Германија, САД, Шпанија или Норвешка, бидејќи сметаат дека во овие земји би имале повисок стандард, подобри услови за живот, повеќе можности за вработување во струката и шанси за стекнување на поквалитетно образование.
Мнозинството студентите сепак изјавиле дека би останале да живеат во Србија доколку имаат подобри услови за живот, поголеми можности за вработување или ако можат полесно да започнат сопствен бизнис.
Најголемиот дел од анкетираните студенти што сакааат да ја напуштат земјата изјавиле дека би сакале да останат најмногу до пет години во странство, по што би се вратиле во Србија.
Од друга страна, нешто над 20 проценти од испитаниците изјавиле дека доколку заминат во странство не би сакале да имаат контакт со Србија, објави регионалниот весник „Јужне вести“.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Проширувањето на ЕУ е безбедносен императив, јасна е поддршката на Словенија и Хрватска
-

Блокиран патот Охрид - Скопје кај Ботун: Паднало дрво, автомобил излетал од патот, едно лице е повредено
-

И кравите ќе завршат во затвор: Одземениот добиток од Крива Паланка ќе биде сместен во КПД Идризово и Прилеп
-

Парното од 1 декември поскапо за 7,56 отсто
-

Кривична за Кумановец кој го полил семејниот дом со запалива течност и се заканувал дека ќе ја запали ќерката
-

Во изминатото деноноќие приведени осум возачи, седуммина управувале возило без положен возачки испит
-

Сара со модрици на лицето се појави во судот во Охрид – Корабоски не дојде, судењето одложено
-

Приведен 38-годишник и поднесена кривична пријава по брза постапка за убиството кај Смилковско езеро
