Згодна и образована: Милан Поповиќ чека дете со двојна полмада од Северина!
Милан Поповиќ наскоро ќе стане татко, а девојката со која чека дете се вика Бојана е од Белград и има 23 години.
Парот се уште нема започнато заеднички живот, но за разлика од венчавката тоа планираат наскоро да го променат.
Дека овие информации се точни бизнисменот потврди во интервју за хрватски неделник.
- Се запознавме во Белград пред повеќе од една година. Студира маркетинг и е од добро семејство, многу е згодна, образована, млада, има 23 години, паметна и силна, секогаш спремна да се шегува. Со нејзе нема расправии и кавги, ниту сега кога е во друга состојба, кога жените знаат да бидат променливи. Мила е и драга, мислам дека ќе биде супер мајка, а тоа ми е важно - рекол Поповиќ.
Како што кажал, Северина не ја известил дека повторно ќе стане татко:
- Ние не комуницираме околу други важни работи за детето, а не пак да ја известувам за она што ми се случува во животот.
Милан истакнал дека е спремен и за менување на пелени.
- Среќен сум и едвај чекам да почне целиот тој процес на чување на детето. Нашето дете зачнато е бидејќи тоа е божји благослов, а и на Александра ќе и биде многу поинтересно ако израсне со уште едно или две момчиња, може и девојче - рекол Поповиќ за хрватски "Глорија".
Ново на Сител
-

Македонските ракометари го пречекуваат Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2028
-

Европа излегува на улици - Тридневни протести планирани во седум земји
-

Битола го слави денот на ослободувањето на градот 4-ти Ноември
-

Стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот
-

Македонија дел од голема меѓународна акција: Жртви во 50 држави и штета од над 4 милиони евра од интернет-измами
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
