Москва: Повлекување на странските војници од Авганистан ќе има далекусежни последици
Повлекувањето на странските војски од Авганистан ќе има големи последици за воената состојба во држават во момент кога авганистанските сили со тешкотии даваат отпор кон џихадистите. Тоа го изјави Замир Кабулов, специјален пратеник на рускиот претседтаел за Авганистан.
– Сега не е иделан момент да се повлечат од Авганистан странските сили, вклучително и американските. Состојбата со безбедноста во државата се влошува и авганистанските сили не се во состојба сами да асе спротистават на вооружената опозиција. Поради сегашната состојба, евентуално повлекување на странските сили ќе има далекусежни последици и би ги уништило малкуте добри резултати, изјави Кабулов.
Според него, во северен Авганистан има околу 15.000 екстремисти.
– Постои ризик тие борци да се обидат да се распоредат на територијата на соседни држави во централна Азија, нагласи Кабулов. Тој повтори дека Русија е подготвена за обнова на соработката со САД за постигнување заеднички цели во Авганистан.
Ново на Сител
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина