Царинската управа органиизра обуки за правата од интелектуална сопственост

Царинската управа на Република Македонија денеска ќе ја организиира втората од двете обуки од областа на интелектуалната сопственост. Обуката е на тема „Следење на интернет“ а има цел да ги прошири знаењата на вработените за постапките на контрола на примена на законите во интернет трговијата.
Првата обука беше организирана вчера на тема „Соработка и мрежно поврзување за ефикасна борба во врска со правата на интелектуална сопственост и слични кривични дела“. На обуката беа разменети искуства помеѓу институциите за спроведување на законот, нивни задачи и надлежности во однос на темата, а обезбедена е и основа за оперативна соработка и заеднички пристап кон проблемот на институциите.
Двете обуки се организираат во рамки на твининг-проектот на ЕУ за зајакнување на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост. Покрај од Царинската управа, на обуките учествуваат претставници од Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за лекови, Државниот пазарен инспекторат, Државниот завод за индустриска сопственост и Координативното тело за интелектуална сопственост.
- На ваков начин Царинската управа придонесува кон јакнење на соработката помеѓу институциите и градење професионален и стручен кадар за справување со предизвиците во борбата против злоупотреба на правата од интелектуална сопственост, наведува Управата.
Ново на Сител
-

Граѓани вечерва упаднаа во зградата на телевизија „Информер“ во Белград и ја прекинаа програмата
-

Премиерот Мицкоски телефонски со Срдановиќ: „Верувам дека добрите меѓудржавни односи ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете држави“
-

Политико: На Франција и се заканува должничка криза, социјални немири и политичка неизвесност
-

Европскиот печат за изборите во Србија: Победата на студентите е шлаканица за Путин, но и за европските лидери
-

Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за стабилизирање на добрососедските односи
-

Во Франција запленети 68 килограми кокаин по оперативни информации од македонската полиција
-

МЗ: Континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија, се проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради посета на делегација од Косово
