Првата група од 200 бегалци од Германија пристигна во Франција
Од Германија во Франција денеска пристигнаа 200 бегалци и тоа е првата група со која почнува реализацијата на ветувањето на францускиот претседател Франсоа Оланд дека неговата земја ќе помогне во раселувањето на мигрантите низ Европа, пренесе ДПА.
Со автобуси од Минхен бегалците пристигнаа во селото Шампањ-сер-Сен, југоисточно од Париз. Повеќето од нив доаѓаат од Сирија, Еритреја и Ирак. Тие во селото беа пречекани од претставници на Црвениот крст.
Уште 800 лица утре и во петок треба да пристигнат во земјата.
На почетокот на неделата Оланд изјави дека Франција ќе прифати 24.000 бегалци за да го олесни нивниот наплив во Германија - од кои многу патуваа преку Унгарија.
Од Црвениот крст изјавуваат дека вложуваат напори новопристигнатите бегалци да добијат јазичка, здравствена и правна помош, како и поддршка за стекнување со престојувалиште. Обработката на документите за легализирање и сместување на бегалците ќе одземе најмалку два месеца.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје