Германија донира четири „дачии“ за македонската граничната полиција

Донација од Германија која се состои од четири возила марка „Дачиа Дастер“ со вредност од 60 илјади евра денеска доби Министерството за внатрешни работи на Република Македонија за потребите на граничната полиција.
Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу се зблагодари за подарокот и нагласи дека во досегашните реформски зафати во македонската полиција, во нејзиното функционирање, во најголем дел се должат на партнерството од повеќе европски земји но и од Сојузното министертво на Република Германија.
- Денешната донација од околу 60 илјади евра наменета за зајакнување на техничките капацитети на граничната полиција со цел нејзино полесно функционирање според современите професионални стандарди и полесно справување со предизвиците во борбата против меѓународните закани и прекуграничниот криминал согласно позитивната пракса на ЕУ, истакна Нухиу.
Подарените возилата, според амбасадорката на СР Германија во Македонија Кристина Алтхаузер, претставуваат симбол на досегашната плодна соработка меѓу двете земји.
- Оваа помош е дел од годишниот план кој е договорен меѓу нашите полиции. Покрај техничката опрема тој исто така опфаќа и усовршување во повеќе области меѓу кои обука за проверка на документи и возачи, гранична контрола, обработка и анализа и безбедност на воздушниот сообраќај. Оваа година ќе се спроведат вкупно седум обуки, а со тоа билатералната соработка на граничната полиција ќе се продолжи и интензивира и во 2017 година, рече Алтхаузер.
Според неа, соработка меѓу двете држави се однесува и на редовната размена на информации, контрола на границата и оперативна соработка на македонаската гранична полиција и сојузната полиција на Германија.
- Македонско-германската соработка во секторот на граничната полиција претставува важен составен дел во областа на безбедноста, а во текот на 11 години таа се разви во однос кој ги надминува деловно партнерките релации во кој профитираат двете служби, потенцира Алтхаузер.
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
