Окинава: Почнаа работи на преместување американска воена база

Јапонската Влада почна со работа на преместување на американска воена база во Окинава во послабо населен дел од островот, иако голем број жители на тој остров сакаат базата да биде целосно затворена, а не преместена.
Работите почнуваат само неколку дена откако Јапонија ја посети американскиот министер за одбрана Џим Матис, кога на состанок беше потврден планот за преместување на базата.
Преместувањето на американската вздухопловна база Футенма во заливот Хеноко е прашање чија реализација веќе со години е стопирана поради постојани протести на локалните жители.
Окинава по завршувањето на Втората светска војна е дом за неколку големи американски воени бази кои заземаат речиси една петтина од територијата на островот и може да примат околу 50.00 Американци.
Голем број локални жители се жалат на криминал, бучава и ризик од несреќи поради базите. Од 1972 година американските војници на Окинава извршиле повеќе од 5.000 кривични дела вклучително и силувања. На Окинава се околу 62 отсто од сите американски сили во Јапонија.
Ново на Сител
-

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата
-

Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена дрога, приведен 39 годишен скопјанец | ФОТО
-

Кривична против струмичанец поради обид за убиство на поранешната сопруга
-

Мицкоски: Доделени новите социјални станови во Дебар, продолжуваме со инвестиции во проекти за граѓаните
-

Дваесет и две земји-членки на ЕУ бараат итна и координирана реакција на мигрантската криза во Сеута
-

МЗ: Нема нови случаи на западно-нилска треска
-

Министерството за здравство ќе спроведе вонреден надзор по случајот со 19-годишната пациентка парализирана по царски рез
-

Министерство за здравство: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна
