Македонија
3. February 2017 - 12:25

Драма во Гостивар: Сакала да се самоубие па испила детергент

Во Ургентниот центар во гостиварската болница вчера околу пладне била донесена 59-годишната М.И. од Долна Бањица, која претходно се затрула, односно испила извесна количина детергент, обидувајќи се да се самоубие.

По укажаната помош, пуштена е на домашно лекување и се наоѓа надвор од животна опасност, информираат од СВР Тетово.

Се расветлуваат мотивите, околностите во кои се случило труењето и се друго.