Џорлев: Изминатата година успешна за „Танец“, годинава многу активности
Изминатата 2016 година беше успешна и квалитетна за НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, како на домашен, така и на меѓународен план. Имавме 43 домашни настани со 20.000 посетители и 36 меѓународни настани со 39.000 публика.
Ова го истакна директорот на НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, Зоран Џорлев денеска на прес-конференција на која информираше за сработеното во 2016 година и ја презентираше програмата за годинава.
Посочи дека во 2016 година ги промовирале новите аудио изданија на „Танец“ - „Незаборав“ 3 и 4, снимиле две емисии, а одржале повеќе концерти низ Македонија под мотото „Оро се вие крај манастирот“ и тоа во Велес, Валандово, Охрид, Битола и Кичево. Велигденски концерт покрај оној традиционалниот во Скопје, одржале и во Струмица, Свети Николе, Штип и во Струга.
- Одржавме концерти во чест на Васка Илиева, Никола Бадев, Александар Сариевски и Кочо Петровски. Се одржа и петтата крводарителска акција „Уметниците даруваат живот“ кога се собраа 34 единици крв, рече Џорлев.
Информира дека првпат на покана на Институтот на исламската култура на Обединетите арапски емирати, „Танец“ бил гостин на емиратот Шаржа под покровителство на султан бин Мухамед Ал-Касими каде „Танец“ имал 19 настапи, а следувала и првата балканска турнеја во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска...
Тој рече дека во посета на НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ биле деца од градинките и ученици од средните училишта во Македонија...
- Изминатата 2016 година Националниот ансамбл „Танец“, уметничкиот кадар ќе ја памети по тоа што после шест и пол децении најпосле платите се израмнија со Македонска опера и балет и Македонската филхармонија, истакна Џорлев.
Потенцира дека годинава продолжуваат со исто темпо, планираат пет хуманитарни концерти во град Скопје, а не изостанува, како што рече, да направат и хуманитарен концерт, како оние за Трескавец, полплавените итн.
- Планиран е концерт во рамки на Скопско лето и Есенските музички свечености, како и традиционален велигденски концерт на 16 април во Скопје, а потоа и во Битола, Велес, Охрид и во Тетово. Ќе одиме на Балканскиот фестивал, како и концерти низ Македонија и тоа во Виница, Ресен, Македонски Брод, Гостивар, Неготино, Делчево, Истибања, Демир Капија, Демир Хисар и Крива Паланка, рече Џорлев.
Нагласи дека планираат две ревии на носии годинава, а ќе имаат и нова веб страна. Во јуни, посочи, ќе ја направиме шестата крводарителска акција, а планирано е да се издадат уште две аудио изданија „Незаборав“ 5 и 6.
- Планирани се изработка на аранжмани за оркестарот и пејачкиот хор на Ансамблот. Годинава ќе изработиме мултимедијално ДВД со брошура, а за кратко време треба да биде готово и едукативното ЦД кое ќе биде наменето за ученици од основните училишта...Ќе го одржиме и традиционалниот новогодишен концерт, истакна директорот на НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“.
Додаде дека на меѓународен план договараат колку концерти ќе имаат во Кина, договорен бил вокално-инструментален концерт на 4 мај во градот Гоце Делчев во Бугарија, а ќе продолжат и посетите на деца од градинки, ученици, постари лица...
Ново на Сител
-
Нов обид за деблокада на процесот за избор на Европската комисија
-
Кај 54 - годишник во Кисела Вода пронајдена прашкаста материја
-
„Ќе дојдам сабајле, како камион да ме згазил“, на денот на грабнувањето Палчо тврдел дека е настинат
-
Титаниум – Нов инстант лоз со возила на Државна лотарија
-
Еурофарм Пелистер очекува уште една победа против ракометарите на Фредериција
-
Трамп го номинира познатиот др.Оз да ја раководи сојузната агенција Медикер и Медикејд
-
Приведено лице на Табановце, ВИН бројот на возилото не бил ист со оној во сообраќајната
-
Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија