-->
-->
Кривична пријава за скопјанката чие петгодишно падна од 7 кат чекајќи ја да се врати дома
-->

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.И. (24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“.
Пријавената на 5.септември минатата година во периодот од 10.00 до 10.45 часот во својот дом без надзор и грижа ја оставила својата петгодишна ќерка.
Откако излегла пријавената девојчето станало од креветот и отишло на терасата каде што поставило столче до оградата и се поткачило за да види дали ќе помине нејзината мајка.
Кога се поткачила на столчето изгубила рамнотежа, се превртела и паднала од седмиот кат на земјена подлога веднаш до зградата, при што се здобила со тешки телесни повреди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
-

Најмалку 27 луѓе загинаа при руски напад врз Буча
-

Земјоделците во Прилепско ги пријавуваат штетите од невремето, најголеми на тутунот и пиперката
-

Димитриеска-Кочоска: Градиме посилен систем на ревизија и контрола на јавните средства
-

ПСЖ повторно се спаси од пораз во Лига 1
