Берлин: Идната финансиска поддршка за Грција зависи од ММФ

Дали и во иднина ќе продолжи финансиска поддршка за Грција зависи од резултатите од ревизијата на досегашната програма за финансиска поддршка и учеството на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), изјави денеска за германските медиуми неименуван претставник на германското Министерство за финансии во Берлин.
- Натамошните исплати зависат од успешното комплетирање на анализата на програмата и учеството на ММФ, изјави претставникот на германското Министерство, еден ден откако шефот на Европскиот механизам за финансиска стабилност Клаус Реглинг најави дека Грција може да продолжи да добива пари само доколку ММФ се придружи на програмата за финансиска помош за Атина.
Претходно меѓународните кредитори учеството на ММФ во помошта за Грција не го сметаа за услов за продолжување на грчкото кредитирање.
Грција до септември треба да ја добие новата транша од третиот пакет помош вреден 86 милијарди евра во спротивно повторно ќе се соочи со сериозна опасност од државен банкрот.
Ново на Сител
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
-

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага
-

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, вкупно 3000 можни стипендии
-

Скопје денеска имаше најстудено утро, локален дожд попладне и во текот на ноќта
-

Денеска е Митровден - празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
