Презентација на орото „Копачка“ и „Гласоечкото пеење“ во Словачка и во Бугарија
Орото „Копачка“ од делчевско Драмче и „Гласоечкото пеење“ од Горни Подлог, како нематеријални културни добра од Македонија заштитени од УНЕСКО, годинава ќе бидат промовирани во Словачка и Бугарија на културни настани каде на иста сцена ќе настапат со состави кои негуваат европски нематеријални културни добра.
Како што истакна Перса Стојановска, секретар на Здружението „Копачка“, соработката на триото Гавровски од Тетово и Здружението „Копачка“ од Драмче доби поддршка за реализација на овие проекти од Министерството за култура.
- Оваа година во соработка со триото „Гавроски“ од Тетово ќе учествуваме на традиционалните „Јаношикови денови“ кои ќе се одржат во август во Терхова, Словачка, каде ќе уествуваат европските нематеријални културни добра впишани во УНЕСКО. Потоа, како резултат на билатералната соработка на Македонија и Бугарија ќе организираме концерт под наслов „Промоција на Копачката и Гласоечко“ во Македонскиот културен центар во Софија. Овие два проекта ги работиме со Триото Гавровки од Тетово, рече Стојановска.
Таа додаде дека настапите на „Копачката“ во земјава и соседството и оваа година ќе бидат поддржани од ресорното Минситерство, а во рамките на програмата поддржан е и проектот „Копачката и соборите“
- Ние веќе неколку години работиме на истражувања на карактеристични изворни добра кои се белег за овој регион. Претходно трагавме по музичкиот инструмент ќемането, потоа по тамбурата, но оваа година сакаме да ја истражуваме темата за орото „Копачка“ и соборите. Тоа значи дека ќе ги истражиме варијантите на играта „Копачка“ што се изведува на соборите во Пијанец, бидејќи еден од најголемите предуслови за да биде впишано орото во УНЕСКО е токму тоа да биде живо, а дека е живо покажуваме ние во село Драмче на соборите. Но, орото се игра и на другите собори во Пијанец, така што ќе ги видиме и евидентираме варијантите на орото „Копачка“ и ќе направиме видеозаписи и каталог, рече Стојановска.
Здружението „Копачка“ ќе ја стартува 2017-та со промоција на монографијата од Димитар Узунски, „Копачката - чекор по чекор до УНЕСКО“ и документарниот филм „Копачката и УНЕСКО“, проекти кои се реализираа во текот на 2016 година.
Ново на Сител
-
Скопјанец испразнил туѓа сметка и земал речиси 700 илјади денари
-
Фрлена рачна бомба во двор во Прилеп, оштетени прозорци и два автомобили
-
Уапсен 41 годишен маж - Со воздушна пушка пукал кон куче
-
Измамен скопјанец за сума од над 18 илјади денари
-
Исчезна 13 годишно девојче од Куманово
-
Шекеринска одржа прием и им се заблагодари на сите чинители за поддршката
-
Украина објави дека руската ракета истрелана кон Дњепар развила брзина поголема од 3.773 метри во секунда
-
Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје