Пуштена во употреба новата катна гража „Тодор Александров“ во центарот во Скопје

Премиерот Никола Груевски денеска ја пушти и официјално новата катна гаража „Тодор Александров“ во центарот на Скопје и им го честитка на големиот број присутни Денот на независноста на Македонија.
Можноста да го празнуваме овој голем празник, како и можноста да живееме и твориме во слободна, суверена и независна држава, нагласи тој, е токму благодарение на големите дела кои што ни ги оставиле претходните генерации. Што ќе оставиме ние за следните генерации, подвлече, зависи од нас.
- Токму затоа, преку празнување на ваквите големи празници, во изминатите неколку години воведовме пракса симболично да ги означуваме и делата кои ги остава оваа наша генерација. Нашите дела се наши честитки до граѓаните во вид на фабрики, нови работни места, патишта, булевари, водоводи, училишта, катни гаражи, музеи, театри, болници и многу други дела кои сме ги ветиле, истакна премиерот Груевски.
Катната гаража со над 600 нови паркинг места, потенцира Груевски, со својот облик е дел од мозаикот наречен модерно и функционално Скопје.
- Во изминатите неколку години се изгради обиколчницата на Скопје, се изградија повеќе кружни токови, се проширија најбитните улици и булевари во градот, а во делот на катните гаражи, ова е 10 - та катна гаража која се пушта во Скопје. Пред неколку години немаше ниту една катна гаража, а денес има 10 и уште неколку други се во фаза на градба. Дел од нив ги изградивме ние како Влада, а дел ги изгради градот Скопје, дел од општините во Скопје, а дел ги изградија приватни инвеститори, рече Груевски. Додаде оти тоа е нашиот влог во она што се нарекува функционален град, град во кој ќе има добар и организиран проток на возила и доволно паркинг места.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски во денешното обраќање по овој повод информира дека паркингот е висок 23 метри, бруто развиена површина од 29.183 метри квадратни и приземје, седум ката над земја и две нивоа под земја, а обезбедува и паркинг за 120 велосипеди.
Со новата катна гража !Тодор Александров“ ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“, а паркирањето ќе чини 30 денари за час.
Ново на Сител
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
