Тачи: Белград ги вооружува Србите во Косово
Косовскиот претседател Хашим Тачи тврди дека Белград ги вооружува Србите на Косово со цел да се одбранат од, како што вели тој, наводните напади од Албанците.
Тачи во интервјуто за албанскиот сервис на „Дојче веле“ истакна дека Приштина одлучила оти нема да му дозволи на Белград на каков било начин да се приближи до границите на Република Косово, или во спротивно не може да гарантира дека нема да дојде до вооружени судири, пренесува Танјуг.
Косовскиот претседател оцени дека потпорниот ѕид покрај реката Ибар во северна Митровица, апсењето на лидерот на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај во Франција и возот, што од Белград требаше да оди до Митровица, се провокации на Белград инспирирани од „рускиот модел“.
- Косово е подготвено да одговори на овие провокации. Имаме информации дека во возот имало оружје и припадници на обучените паравоени единици кои имале намера да влезат на Косово и да го дестабилизираат, наведе Тачи во интервјуто што беше објавено еден ден по обновувањето на бриселскиот договор меѓу Белград и Приштина.
Тачи тврди дека со тоа е препознаена намерата на Србија за поделба на Косово.
Запрашан дали има докази со оглед на тоа дека станува збор за опасна тема што би можела да доведе до судири, Тачи кратко одговори: „Дефинитивно“.
Тој нагласи дека Србите користат модел што Москва го користеше во Украина и испраќаат луѓе во северниот дел на Косово кои ги вооружуваат Србите со пиштоли и друго оружје, со цел да се заштитат од наводните напади од Албанците.
Уверен во тоа, Тачи го повика Србите во Косово да не станат дел од „националистичката политика на Белград.
Ново на Сител
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?