Презентирани можностите од „Ерзамус плус“ пред корисници на Фондот за иновации
Пред корисници на Фондот за иновации и технолошки развој денеска се претставени можностите за соработка и финансирање проекти преку програмата на Европската унија за образование, обука, млади и спорт „Еразмус плус“ што се спроведува преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Фокусот на презентацијата е ставен на делот „Клучна акција 2“, кој се однесува на соработка за иновација и размена на добри практики на корисниците на грантови на Фондот за иновации и технолошки развој.
- Целта на презентацијата на програмата ЕРАЗМУС+ беше да се запознаат корисниците со можностите за соработка со други организации или високообразовни и научни институции, со цел поднесување проект апликации за Клучната акција 2 и мобилизиција на дополнителни финансиски средства, се вели во соопштението од Фондот за иновации и технолошки развој.
Клучната акција 2 предвидува проекти кои се фокусираат на секторска и меѓусекторска соработка, проекти кои се однесуваат на работа со индустрија, билатерални и мултилатерални партнерства и воведување иновативни активности.
На презентацијата се претставени и останатите клучни акции кои се дел од „Еразмус плус“.
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори