АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Да помогнеме на 2-годишниот Лука кој боледува од редок вид рак на окото
На добрите луѓе никогаш не им е доста кога се во прашање добрите дела. По хуманитарната акција за 13-годишниот Давид Стојановски, време е за нова акција, за уште една хумана мисија. Борба за живот на малото двегодишно ангелче Лука Јовановски. Ова мало детенце, чии родители се по потекло од кратовско, а живеат во Мралино, му е потребна финансиска помош. Неодамна му е дијагностицирана злокобна болест, малиген тумор на окото. Се работи за редок вид рак, RETINOBLASTOMA, кој успешно се лекува во Истанбул, но операцијата чини 20.000 евра. Во прашање не е само видот на Лука, во прашање е штотуку започнатиот живот на детето кое заслужува уште еднаш да направиме мал духовен подвиг, да демонстрираме хуманост и милосрдие.
Сметка за донација: 380176980603113
Име и презиме: Игор Јовановски (татко на Лука)
Прокредит банка
Контакт број: 075-215-539
Ново на Сител
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот