Промоција на вевчанското нематеријално културно наследство

Промоција на нематеријалното културно наследство на Вевчани, негово оптимално искористување во функција на развој на културниот туризам, зачувување на голем број специфични обреди, песни и игри кои се карактеристични за Вевчани и и ќе сведочат за богатата духовна култура, акумулирано огромно умеење пренесувано од генерација на генерација, се дел од целите на проектот „Вевчанското нематеријално културно наследство-никулец за зачувување на етнокултурниот идентитет“ промовиран синоќа во Вевчани.
Во рамки на проектот изготвена е брошура „Обреди и обичаи во Вевчани“ на македонски и англиски јазик, во која се опфатени позначајни празнувања проследени со обреди и обичаи од Вевчани, кои КУД „Дримкол“ ги зачувал преку автентично поставување на сцена,
Отворена е и изложба на фотографии „Нематеријално културно наследство низ призмата на објективот“, на кои се прикажани сцени од вевчанските обреди и обичаи, со цел посетителот да има можност од поблиску да се запознае со нематеријалното културно наследство на Вевчани, а снимен е и документарен филм „70 години – Со песна и оро до височините“, кој зборува за долгогодишната играорна традиција во Вевчани.
- Активностите што се реализирани во рамки на овој проект во краток рок ќе придонесат за зголемени промотивни активности за претставување на нематеријалното културно наследство на Вевчани, оптимално искористено нематеријално културно наследство во функција на развој на културниот туризам во Вевчани, зачувување на голем број специфични обреди, песни и игри кои се карактеристични за Вевчани кои ќе сведочат за богатата духовна култура, акумулирано огромно умеење пренесувано од генерација на генерација, што егзистирало како жива дијалектика на културниот процес во чие што седиште е традиционалната култура, изјави координаторот на проектот Кирил Бебекоски.
Покрај синоќешната јавна презентација на содржините на проектот, тој ќе биде промовиран за време на свеченостите по повод одбележувањето на 70 години фолклорна традиција во Вевчани во мај оваа година.
Ново на Сител
-

19-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во Скопје
-

Алиу: Законот ги штити децата и непушачите, усогласен е со сите засегнати страни
-

Километарски колони и доцнења на граничниот премин Евзони/ Богородица за влез во Грција
-

Влaдатa нajaви пoeвтинувањe нa дизeлoт за 6,5 денари
-

Аеродромот во Минхен затворен еден час поради пријавени нарушувања од пилоти, за кои имало сомнеж дека се предизвикани од дрон
-

Мицкоски: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е компромисно решение на засегнатите
-

Мицкоски ќе се обрати на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ во Нови Сад
-

MMФ, Светската банка и други институции предупредија дека војната на Блискиот Исток ги оптоварува енергетските резерви
