Ова не сте го знаеле за Доналд Трамп: Не пие алкохол, не користи банкомат…
Доналд Џон Трамп, претседател на Соединети Американски Држави, на таа позиција дојде како претприемач, телевизиски продуцент и водител, како и политичар со германско шкотско потекло.
Интернет порталот МСН од неговата биографија издвои некои помалку познати факти помеѓу кои е и дека како најголемите ѕвезди, Трамп во Холивуд има сопствена ѕвезда на патеката на славните, а таа чест му е искажана во 2007 година.
Доналд Трамп е четврто од петте деца во неговото семејство.
Трамп има пет деца од три брака. Синт Барон го има со сегашната сопруга Меланија, со првата сопруга Ивана има три деца, а со втората Марла Маплес ја има ќерката Тифани.
Поради лошо однесување во училиште, родителите го пратиле во воено училиште во Њујорк, наведува порталот МСН.
Малку е познато, наведува МСН, дека пред 12 години беше претставена друштвена игра „Трамп“.
Во телевизиската емисија “Late Night”, милијардерот Трамп изјави дека никогаш не користел банкомат.
Во филмот “Ghosts Can’t Do It” (Духовите тоа не го можат) од 1990 година, Трамп се глумеше самиот себе.
Исто така не е познато, дека новиот американски претседател воопшто не пие алкохол.
Ново на Сител
-
Репортери без граници: Северна Македонија на 36. место, најдобро рангирана меѓу државите од регионот
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина