Објавена антологија и избор од македонската поезија за деца и млади
Две нови книги посветени на поезијата за деца и млади излегоа од печат во издание на Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје.
Станува збор за антологијата на најсовремената македонска поезија за деца и млади со заеднички наслов „Тоа сум јас“, а во која се опфатени следниве автори: Љубомир Грбевски, Киро Донев, Љубинка Донева, Тоде Илиевски, Велко Неделковски, Трајче Кацаров, Александар Кујунџиски, Ели Маказлиева, Панде Манојлов, Билјана Станковска, Ванчо Полазаревски, Наум Попески, Христо Петрески, Александар Поповски, Виолета Танчева-Златева, Стојан Тарапуза и Васил Тоциновски.
Сите автори се застапени со по пет свои најнови песни, а во книгата покрај песните се објавени и голем број илустрации.
Издавачот „Македонија презент“ како посебна книга го објави и изборот од најновата македонска поезија за деца со заеднички наслов „Нови штурци“, во кој се вклучени авторите: Вера Андон, Даниела Андоновска - Трајковска, Димитар Алачки, Александра Велинова, Филип Димкоски, Марина Мијаковска, Весна Мундишевска-Велјановска, Ирена Павлова Де Одорико.
Антологијата „Тоа сум јас“ и изборот „Нови штурци“ ги подготви Христо Петрески.
Ново на Сител
-
Првомајски штрајк и протести во Грција
-
Јавниот превоз во Скопје денеска по неделен возен ред
-
На првиот ден од мај променливо облачно и топло, попладне локален дожд
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе