-->
-->
Македонија со нерешен резултат се избори за дуел со Норвешка
-->
Нашите најдобри ракометари остварија нерешен резултат 27-27 во дуелот со Исланд со што го освоија третото место во Б-групата што значи дека во осминафиналето ќе играат против селекцијата на Норвешка.
Во случај на пораз ќе игравме со домаќинот Франција, чест која му припадна на Исланд.
Мечот во Мец започна добро за нас со водство од 4-0 но неколкуте грешки и лесни голови на противникот во моментите кога игравме без голман Исланд го сврте резултат и обезбеди водство кое траеше се до последните 10-тина минути од мечот а највисокото водство на противникот беше 24-19.
Сепак со добра игра во одбраната на чело со голманот Колев Македонија направи пресврт и малку недостасуваше и да го елиминира Исланд од првенството.
Колев со 13 одбрани и Лазаров со 7 погодоци, односно Георгиевски со 6 беа најдобри во нашиот тим .
Со Норвешка играме в сабота во 18ч во Албервил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јавна дебата на УКИМ за предлог-законот за високо образование
-

Ниски утрински температури, преку ден сончево со температури до 16 степени
-

Поради зимска бура затворени училишта на североистокот на САД, откажани илјадници летови
-

Уапсен Артан Груби | ВИДЕО
-

Леброн Џејмс прв играч во историјата на НБА кој достигна 43.000 поени
-

Зеленски: Путин веќе ја започна Третата светска војна
-

Путин: Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на вооружените сили
-

Без струја денеска делови од Карпош, Кисела Вода и Бутел
