Македонија
19. January 2017 - 19:26

Средба Али Ахмети - Зоран Заев

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети попладнево имале средба која е нивна прва на лидерско ниво по предвремените парламентарни избори од 11 декември 2016.

По средбата, двете партии испратија соопштенија со идентична содржина -  дека Ахмети и Заев разговарале за своите ставови без да навлегуваат во детали за одделни прашања.

- На средбата начелно се разговараше за позициите на двете страни коишто ги застапуваат во овој период, без навлегување во детали или разговори за одделни конкретни прашања. Во следниот период за очекување е дека ќе продолжат средбите помеѓу двете страни, за што јавноста навреме ќе биде информирана, стои во соопштенијата од СДСМ и ДУИ.