Душан Чимев го фати крстот во водите на Радика
Душан Чимев од Виница го фати крстот во реката Радика, што беше положен по повод денешниот голем христијански празник Богојавление - Водици.
По светата литургија во црквата „Пресвета Богородица“ во селото Ростуше, одржана од братсвото на Бигорскиот манастир, на која присуствуваа и сестрите од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“, стотици верници од подрачјето на Река и други градови од земјава имаше на трожествената литија која тргна од црквата се до Ростушки Мост.
Осветениот крст во водите на река Радика го фрли Анхимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, а најсреќен беше Душан Чимев.
- Пресреќен сум. Сум скокал по крстот повеќепати. Во Радика двапати и ете годинава ми се насмевна среќата. Посакувам многу здравје, среќа и радост на сите и благосостојба во државава, порача Чимев.
Како и со години наназад општина Маврово Ростуше за најсреќниот обезбеди награда. Овој пат телевизор.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци