-->
-->
Реал Мадрид поразен од Селта Виго во „Копа дел Реј“
-->

Екипата на Реал Мадрид го претрпе и вториот пораз во низа, откако претходно „Кралевите“ незнаеја за пораз на 40 натпревари.
Реал синоќа загуби од Селта Виго со 2:1 во првиот натпревар од четвртфиналето на Купот на Шпанија.
Иаго Аспас во 64.минута го најави изненадувањето во Мадрид. Иако Марсело израмни пет минути подоцна (69), веќе во следната минута (70) Џони повторно постигна погодок за Селта, за триумф од 2:1.
И во вториот меч одигран синоќа победа остварија гостите и тоа Алавез кој славеше против Алкоркон со 2:0.
Денеска ќе се одиграат преостанатите две четвртфинални средби, во кои, Атлетико Мадрид ќе биде домаќин на Еибар, а Сосиедад ќе ја пречека Барселона.
Реван натпреварите на програмата се по седум дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
