-->
-->
Потпишан договорот за продажба на Траиносе
-->
Грчкиот републички фонд за развој денеска потпиша договор за продажба на 100 проценти од Траиносе на италијанската државна железница Феровие дело Стато Италиане С.п.А за 45 милиони евра.
Договорот го потпишаа извршниот директор на Фондот Андонис Леусис и извршниот директор на италинајската железница Ренато Мацончини, а потпишувањето беше овозможено откако Советот за ревизија вчера го одобри договорот. Договорот треба да го одобрат и европските институции, со нерешен спор за 700 милиони евра долг на Траиносе кон Грчките железници (ОСЕ).
Леусис изјави дека Феровие дело Стато Италиане презема голема обврска, а тоа, меѓу другото, е да ја зајакне и развива Траиносе со искуството што ги има, создавајќи важен обезбедувач на железнички услуги.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
-
Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање
-
Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа
-
Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик