Македонија
17. January 2017 - 17:07

Наградени членовите од првиот Вики - клуб во Македонија

По повод роденденот на глобалната слободна енциклопедија Википедија  доделени се првите награди на активните членови од првиот Вики-клуб во Македонија.

Доделени се 7 награди во неколку категории-најголем број нови статии, најголем број на придонеси, најдолга нова статија, како и три награди на активни учесници.

Првиот Вики-  клуб  во Македонија  е проект на НУ  Музеј на македонската борба и Здружението за умножување на слободни содржини ГЛАМ од Скопје.

Клубот почна со работа во октомври 2016 година во просториите на музејот и  моментно има 50 членови.