Албанија лани произвела 7,3 милијарди киловат часови струја

„Албанската електрокорпорција“ (КЕШ) информираше дека лани првпат по шест години произвела повеќе електрична енергија од домашните потреби, поради што одредени количества и извезла во други земји.
- Во текот на 2016 година, се прозведени 7,3 милијарди киловат часови електрична енергија, што е највисоко ниво на производство од 2010 година. Ваквото производство целосно ја задоволи домашната побарувачка, поради што во други земји се извезени околу 700 милиони киловат часови електрична енергија, инормираше КЕШ.
Како што јави дописникот на МИА, позитивниот енергетски биланс е резултат на поволнате хидрологија, зголеменото произодство во приватните хидроелектрани, како и намаленото ниво на кражби на струја.
- Приватните хидроцентрали лани заблежаа рекордно производство од 2,2 милијарди киловат часови, што претставува 30 отсто од вкупното домашно производство, додека само од намалените кражби, што е резултат на поефикансната работа на „Електродистрибуцијата“, Албанија лани заштеди 1,1 милјарда киловат часови енергија, споредено со 2014 година, наведува КЕШ.
Ваквите резултати ги подобриле и финансиските показатели на КЕШ.
Ново на Сител
-

Николоски: На Македонија очајно ѝ е потребна правда, Ненад Савески е професионалец, без ниту една дамка во кариерата
-

Метеор од седум тони прелета и експлодираше над САД
-

52-годишник од Охрид нападнат и ограбен, двајца приведени
-

Променливо време со дожд и снег, постудени утра со температури под нулата
-

Земјоделците најавуваат зголемување на цените, Министерството за земјоделство ја следи состојбата
-

На 30 март закажано судењето за Стојанче Јовановски
-

Израел ги интензивира нападите врз Бејрут, најмалку 12 загинати
-

Врховниот суд го одби барањето на Васил - останува казната од 13 години затвоp
