-->
-->
Настрада битолски Мерцедес во пожарот кај Ротино
-->
Битолски мерцедес 220 CDI, изгоре во пожарот кој избувна вчера доцна попладнето кај селото Цапари, а потоа се прошири кон Ротино.
Според изјавата на сопственикот на автомобилот, за Тера телевизија, тој во моментот кога се запалило возилото се движел на стариот пат каде што немало никаво предупредување дека има пожар кој се шири.
СВР-Битола потврди дека автомобил се запалил во возење на патот каде што горело, но освен материјални нема други последици.
Пожарот избувна вчера околу 18 часот на нискостеблеста шума кај битолското село Цапари. Поради ветрот се прошири и кон селото Ротино.
Од Територијалната противпожарна единица-Битола информираат дека пожарот бил пријавен во 20 часот, а е локализиран во 23 часот.
Сообраќајот на магистралниот патен правец Битола-Ресен од пред неколку дена заради реконструкција е пренасочен по стариот пат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје