УЈП објави оглас: Се продаваат движни и недвижни ствари

Управата за јавни приходи објави оглас за продажба на движни и недвижни ствари. Се продаваат автомобили од марките Мерцедес, Фијат, Цитроен, Форд...
На листата на работи за продажба се и стан, гаража, компјутери, принтери, томографи и фритези. Аукцијата е закажана за 25 јануари годинава.
За работите кои се предмет на електронска јавна аукција, според информацијата од УЈП, може да учествуваат само оние лица кои успешно се регистрирале и претходно уплатиле депозит во висина од 10% од утврдената вредност на движните/недвижните ствари, најдоцна до 20.01.2017 година (петок) на трезорска сметка на Министерство на финансии.
Јавна аукција ќе се одржи по електронски пат со електронски сервиси кои ги обезбедува УЈП.
Учесникот кој дал најповолна понуда за движна ствар е должен веднаш да ја уплати разликата од купопродажната цена, а најповолниот купувач на недвижната ствар, во рок од 8 (осум) дена од денот на заклучување на електронската јавна аукција.
Во спротивно, продажбата со решение се огласува за неважечка, а купувачот го губи правото на враќање на депонираниот депозит.
Работите се продаваат по системот видено-купено, дополнително рекламации не се примаат. На понудувачите чија понуда не е прифатена депозитот им се враќа по заклучувањето на јавната аукција.
За работите кои се предмет на електронска слободна комерцијална продажба), сите заинтересирани лица треба да достават понуди на порталот во делот кој се однесува на слободна комерцијална продажба објавен од надлежната ДГДО/Регионална дирекција/Центар за складирање и впаричување на движни ствари во период за времетраење на електронската јавна аукција/слободната комерцијална продажба.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
