Изутринава најстудено во Маврово и Лазарополе, денеска сончево со слаб ветер

Најстудено изутринава беше во Маврово и Лазарополе каде се измерени минус шест степени, во Струмица, Крушево и Крива Паланка минус пет, во Ѓуриште и Поажаране минус четири, во Тополчани, Виница, претор, Демир Капија и Битола минус три, во Прилеп, Тетово, Штип, Куманово минус два степени, во Дебар и Скопје минус еден степен, во Охрид 0, во Гевгелија еден степен и во Дојран два степени.
Највисока снежна покривка има во Лазарополе 61 сантиметар. Во Маврово имаа 55 сантиметри снег, во Пожаране 31, Ѓуриште 23, во Тетово 20, во Крушево 16, во Крива Паланка 14, во Струмица 12, во Тополчани и Виница 10, во Битола 9, во Охрид, Прилеп и Скопје 4 сантиметри.
Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Дебар 10 литри на метар квадратен, во Крива Палнка осум, во Лазарополе седум...
Во текот на ноќта во земјава преовладуваше умерено до значително облачно време. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Утринава има делумно намалување на облачноста и преовладува ведро време со мала до умерена облачност, а во западните делови се уште има зголемена облачност, на некои повисоки места и планините има врнежи од снег со слаб интензитет. Дува слаб ветер од северен и североисточен правец и повеќе е изразен на повисоките места, соопшти УХМР.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од источен и североисточен правец.Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 2 до 8 степени.
Во Скопје врмето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Највисоката температура ќе достигне до 4 степени.
Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Ќе дува слаб, а во западните делови повремено умерен источен ветер.
Од утре нашето подрачје постојано ќе биде под влијание на влажна и студена воздушна маса која ќе предизвика претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните подрачја.
Од средината на работната седмица на пониските места особено на југоисток врнежите ќе бидат од дожд.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
