Сириската армија почна офанзива против ИД кај Палмира
Сириската армија соопшти дека нејзините сили денеска почнале „моќна офанзива“ против припадниците на групата Исламска држава (ИД) во реонот на градот Палмира, врз кој џихадистите ја повратија контролата минатиот месец.
Како што јави ДПА, информацијата за стратот на офанзивата ја потврди и Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, кој соопшти дека владините сили заземале територија во близина на воздухопловната база Т4 во пустинскиот регион крај Палмира.
Претставник на сириската армија, кој побарал анонимност, изјави дека цел на офанзивата е преземање контрола врз нафтените и гасните полиња западно од Палмира.
Според него, во втората фаза од офанзивата копнените сили, поддржани од руски и сириски воени авиони, ќе се насочат кон Палмира.
Офазивата на сириската армија следи откако претпладнево борци на ИД во градот Дејр ал Зур започнале напади од населбите под нивна контрола, чија цел е освојување на деловите на градот контролирани од владините сили.
Според Сирискиот центар за мониторнинг на човековите права, во борбите во Дејр ал Зур, кои продолжиле и во попладневните часови, загинале најмалку 20 џихадисти и 12 сириски војници.
Сириската државна телевизија пак јави дека при артилериски напади на џихадистите врз деловите на градот под контрола на сириската армија загинале тројца цивили, а деветмина други биле ранети.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло