Македонија
6. September 2015 - 17:15

Со помош од централната власт, Неготино реализира проекти

Се обновува патната мрежа во општина Неготино. Во моментов се реконструира локалниот пат до селото Криволак. Оваа делница води и до армискиот полигон.

- Станува збор за еден од најфрекфентните патни правци во нашата општина, но и еден од најоштетените, и на кој за жал, во минатотот се случија неколку сообраќајни несреќи кои одзедоа и човечки животи, изјави Ванчо Апостолов, Градоначалник на општина Неготино.

Според планот, ќе се реконструираат и асфалтираат три километри - од Пепелишки мост до центарот на Криволак. Патот ќе има широчина од 5,5 метри а на неколку места ќе се изградат потпорни ѕидови и ќе се постави еластична ограда.

- По завршувањето на работите, жителите на Криволак и сите оние кои имаат потреба да патуваат по овој патен правец кој меѓу другото води и до армискиот полигон Криволак, да добијат модерен и современ пат кој ќе придонесе за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, вели Апостолов.

Реконструкцијата на патот Неготино-Криволак ќе чини над 300 илјади евра. Парите се обезбедени од Министерството за транспорт и врски..