Расте бројот на радикални исламисти во Германија

Во Германија има околу 43.000 граѓани поврзани со исламистичките групи, а од нив 11.000 се сметаат за лица со терористички тенденции, сметаат германските безбедносни служби.
Според анализите на германските експерти, како што јави дописникот на МИА од Берлин, бројот на лицата кои се сметаат за радикални следбеници на исламот е во постојан пораст а особено е загрижувачка информацијата дека најголемо зголемување има кај ултра конзервативната група Салафисти.
Околу 8.650 луѓе се сметаат за членови на оваа сунитска религиозна група која се залага за реформи во Исламот базирани на неговото конзервативно толкување.
Од 11.000 исламисти, потенцијални терористи, 548 луѓе се сметаат за способни да спроведат терористички напади. Од нив половината се во Германија од кои 80 се вв притвор. Дополнително во земјата живеат уште 360 луѓе, кои би дале логистичка поддршка за политички или верски мотивиран криминал од поголеми размери.
Досега над 800 радикални исламисти од Германија престојувале во конфликтните зони во Сирија и Ирак, каде се бореле во редовите на исламски терористички групи. Од нив во земјата се вратиле една третина, а 70 имаат борбено искуство.
Претставници на германскиот синдикат на полициски работници во неколку наврати се пожали дека германските служби за безбедност немаат доволно ресурси за следење на сите потенцијално опасни граѓани за јавноата безбедност.
Ново на Сител
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол
-

Извршен увид на местото на убиството во кумановско, постојат сомнежи дека осомничениот е поврзан и со други кривични дела
-

Католичкиот свет го одбележува празникот на Свети Валентин
-

Мицкоски: Пораките на Рубио се јасен сигнал за сите сојузници, како Влада, продолжуваме да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница
-

ССМ: Работниците се двојно попродуктивни од она што го добиваат преку платите
-

52-годишен скопјанец ја претепал партнерката која била во вториот месец од бременоста
-

При претрес во Кавадарци и Велес пронајдена дрога уапсени три лица
-

Ден на жалост во Сараево по трагичната трамвајска несреќа
