Хуманитарен концерт „Божик-слава“ на хорот „Св.Злата Мегленска“
Хорот „Св. Злата Мегленска“ вечерва во градската православна црква „Пресвета Богородица“ во Скопје го одржа традиционалниот хуманитарен концерт „Божик - слава“.
Покровител на концертот е сопругата на претседателот Иванов, Маја Иванова, а собраните средства ќе им бидат доделени на лицата од ранливите категории и на децата со посебни потреби.
- На овој голем христијански празник – Божик, кога одново го прославуваме раѓањето на Исус Христос, повикани сме да посведочиме за силата, но и љубовта, праведноста, но и милоста, светоста, но и сочувството на нашиот Бог. Секој Божик, Исус Христос чука на нашите порти и бара од нас да ги отвориме нашите срца и да му дозволиме да влезе, за да ни донесе простување, оправдување, спокој, мир и љубов, рече Иванова на почетокот на концертот.
Обраќајќи се пред присутните, истакна дека треба да постапуваме со другите луѓе онака како што сакаме другите да постапуваат со нас.
- Треба да сме подготвени да си простиме и несебично да си помагаме. Треба да се почитуваме и да се поддржуваме, бидејќи сме упатени едни на други. Или, како што мојот сопруг, Претседателот на Република Македонија честопати вели, цитирајќи го Св. Климент Охридски, „во сè што правиме, да се престигнуваме во добрина“, рече Иванова.
Ново на Сител
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев