Забрана за сообраќај на патот Куманово - Св. Николе во двете насоки
На патниот правец Куманово - Св.Николе е воведена абрана за движење за сите видови возила во двете насоки.
Како што соопшти АМСМ, забраната за одвивање на сообраќајот е воведена во 14:20 часот, бидејќи на коловозот има возила и се работи на расчистување на патот.
Пополаднево од 15:10 часот повторно е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар, додека на патниот правец Куманово – Крива Паланка сообраќајот се одвива отежнато поради наноси од снег
На планинскиот премин Плетвар и патниот правец Маврово – Дебар се уште важи забраната за движење на тешки товарни возила, поради врнежи од снег затворени се за сообраќај патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце
Сообраќајот на сите останати државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите, по интервенција на екипите на Македонија пат.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Ново на Сител
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?