Турција го доведува во прашање присуството на коалициските сили во Инџирлик
Анкара го доведува во прашање натамошното присуство на коалициските сили предводени од САД, во воздухопловната база Инџирлик во јужна Турција, изјави денеска потпретседателот на турската Влада, Вејси Кајнак.
Британските медиуми оценуваат дека ваквиот став на Анкара е одраз на нејзиното разочарување од недостатокот на поддршка од антиџихадиситчката коалиција за нејзините операции во Сирија.
Кајнак за телевизијата „А Хабер“ рече дека прашањето за базата во Инџирлик, што ја користат силите на НАТО и коалицијата предводена од САД, е на агендата на турската Влада.
Анкара го поставува прашањето затоа што САД, кои поддржуваат некои курдски групи, не и дадоа поддршка во најновата акција во околината на сирискиот град Ал-Баб.
Портпаролот на американската војска вчера изјави дека САД преговараат со Турција за идната поддршка кај Ал-Баб и дека веројатно таа ќе и биде дадена.
Турција во август ја почна интервенцијата во Сирија со цел да ја потисне Исламската држава подалеку од своите граници и за да ги спречи борците на сириските Курди да го заземат овој терен, по повлекувањето на џихадистите.
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден