Град Скопје: Улиците и булеварите расчистени и проодни
Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на градските улици и булевари и истите во моментов се расчистени и проодни. Екипите нa ЈП „Комунална хигиена“ се на терен и го расчистуваат снегот и мразот од тротоарите и од јавните површини, соопштуваат од Градот Скопје.
Во централното градско подрачје, расчистувањето се врши на плоштадите: „Македонија“, „Пела“ и „Мајка Тереза“, во Старата Чаршија, како и на пешачките патеки и тротоарите на: мостот „Гоце Делчев“, Камени мост, Мостот на уметноста, мостот „Око“, Мостот на револуцијата и мостот „Слобода“.
- Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје го расчистуваат теренот пред јавните установи, како и следните градски улици и булевари - во општината Центар Филип Втори Македонски, 11-ти Октомври, Крсте Мисирков, Кочо Рацин, Мајка Тереза и Илинден, во општината Карпош Партизансски одреди и Илинден, во општината Кисела Вода Борис Трајковски, во општината Аеродром раскрсницата на железничката станица и булеварите Јане Сандански и Кузман Ј. Питу, во општината Чаир Втора македонска бригада, Кемал Сејфула, Џон Кенеди, Христијан Т. Карпош, Методија Митевски, Б.Паровиќ, во општина Шуто Оризари Индира Ганди и Словенија, во општината Бутел Александар Урдаревски, Босна и Херцеговина, Кемал Сејфула и Бутелска, во општината Гази Баба - Александар Македонски и во општината Ѓорче Петров се расчистува улицата Ѓорче Петров, информираат од Град Скопје.
Во расчистувањето се ангажирани 116 работници, а од механизацијата се користат два мотокултиватора со четки, три метларки, како и две патарки за посолување на мостовите. Од Град Скопје најавуваат дека активностите на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат во текот на целиот ден.
Екипите на зимската служба на Град Скопје се на терен и од почетокот на снежните врнежи досега се фрлени 175 тони сол на градските булевари и улици.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Од Градот Скопје апелираат до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.
Ново на Сител
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот