Новинарката Дилета Леота се отвори: Порнографските фотки ми направија хаос од животот!

Пред неколку месеци на атрактивната италијанска новинарка од „Скај спорт" ѝ беше хакиран мобилниот телефон, по што нејзини фотографии на кои позира како од мајка родена, беа објавени на интернет. Убавата водителка, која инаку ги следи натпреварите од италијанската Серија Б, конечно се реши да проговори за скандалот и за тоа како истиот влијаел врз нејзиниот живот.
Дилета Леота (26) тврди дека некој намерно го пробил нејзиниот „Ајклауд" односно дека фотографиите биле складирани во нејзината приватна архива. Исто така, водителката тврди дека не сите објавени фотографии се автентични.
Атрактивната русокоса, која на социјалните мрежи ја следат повеќе од еден милион луѓе, се потсети на шокот во моментот кога сфатила дека нејзиниот мобилен телефон е обиен.
Телефонот постојано ми ѕвонеше - повици, пораки, месинџер... Прво се воздржував да не заплачам, изнаоѓав сила, но по неколку дена, едноставно се скршив - открила новинарката за медиумите.
Можеби неколку од тие фотографии и ги имам испратено некому, но бев сигурна дека потоа сум ги избришала. Овие фотографии не би ги опишала ни како секси - рекла Леота и додала дека не се чувствува виновна поради скандалот.
Сакам да им порачам на сите момчиња и девојки што ќе се најдат во слична ситуација, дека не би требало да се чувствуваат виновни. Секој има право да прави што ќе посака во животот.
Леота откри дека многу личности за кои смета дека се со ниска интелигенција ја обвиниле дека сама ги објавила фотографиите, но ваквите тврдења таа ги отфрла со гадење. Инаку, кога фотографиите протекоа, атрактивна водителка доби поддршка од фудбалерот Марио Балотели.




Ново на Сител
-

Поскапуваат бензините
-

Иран напаѓа цели во Ерусалим, Израел возвраќа со „широк напад“ врз Техеран
-

Бандера за улично осветлување закана за жители на Драчево | ВИДЕО
-

Над 400 македонски државјани побарале евакуација од Блискиот исток
-

Институтот за класични студии на УКИМ бара латинскиот јазик да биде една година задолжителен за сите гимназијалци
-

Генералниот секретар на НАТО, Руте, утре во официјална посета на земјава
-

Хотелите во Дубаи бесплатно им го продолжуваат престојот на заглавените туристи
-

Мицкоски оствари телефонски разговор со претседателот на ОАЕ
