ЈСП: Јавниот превоз и годинава по исти, намалени цени

Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје денеска информираат дека со почетокот на новата 2017 година не биле направени корекции во ценовникот на услугите во јавниот превоз, односно, редовните корисници на услугите на јавниот превоз ќе ги користат истите услуги, со цени кои биле намалени минатата година.
- Таков случај беше со месечниот и годишниот билет, а изедначена беше цената на билетот за едно возење во сите зони, односно цената на билетот од приградската зона од 40, беше намалена на 35 денари. Исто така беа воведени и нови временски билети, како што се дневниот, седмичниот, тримесечниот и шестмесечниот билет, се вели во соопштението од ЈСП Скопје.
Напоменуваат дека граѓаните во иднина ќе мораат да ги користат електронските картички и во приватните автобуси, како единствен начин за плаќање на билет.
- Со приклучувањето на приватните превозници во единствениот Интегриран тарифен модел, воведена е нова промотивна мерка за лицата кои ќе купат неперсонализирана картичка, односно со самото купување на истата во вредност од 150 денари во месец јануари, ќе добијат 5 гратис возења, кои ќе бидат со неограничен период на искористување, се посочува во соопштението.
Со воведувањето и на единствениот возен ред, повеќе нема да има дуплирање на одредена линија од страна на ЈСП Скопје и приватен превозник. На тој начин, ќе бидат избегнати досегашните бркотници по корисник повеќе и со тоа,како што потенцираат од ЈСП, ќе се зголеми и безбедноста во сообраќајот.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
