Уапсени 14 лица во врска со нападот во Истанбул

Бројот на приведените за нападот во ноќниот клуб во Истанбул достигна 14 лица, а меѓу нив е и сопругата на напаѓачот, кој отвори оган кон гостите, кои славеа Нова година, при што уби 39, а рани 69 лица.
Агенцијата Анадолија јави дека уште шест лица се приведени во врска со нападот во ноќниот клуб „Реина“, со што бројот на приведените се зголеми на 14 лица.
Сите приведени се испратени на сослушување во полицијата во Истанбул. Агенцијата не соопштува детали за осомничените, ниту каде биле приведени.
Полицијата добива многу сигнали од граѓани во врска со напаѓачот, откако беа објавени фотографии и видеоснимка со мажот.
Лако што јави ДПА, меѓу приведените е и сопругата на терористот. Таа била приведена синоќа во Коња во централна Турција. Се претпоставува дека напаѓачот, кој се уште е на слобода пристигнал во Турција од Сирија, заедно со неговото семејство во текот на ноември минатата година.
Ново на Сител
-

МВР со детали: 27-годишникот што ја уби својата мајка сам се пријавил во полиција
-

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија
-

Трамп не се противи рускиот танкер да достави 730.000 барели нафта на Куба и покрај блокадата
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
