МИТ: Убиецот од Истанбул дел од групата што го нападна аеродромот „Ататурк“
Според информациите што ги добила турската државна Национална разузнавачка организација (МИТ), можно е напаѓачот кој за време на новогодишната ноќ во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул уби 39 и рани 69 лица, да е дел од групата на ИД што изврши напад врз аеродромот „Ататурк“ на 28 јули минатата година, при што настрадаа вкупно 45 лица.
„Хуриет дејли њуз“ јави дека МИТ на 19 декемри примила разузнавачки податоци за тоа дека постои можност Исламската држава да изврши напад за време на новогодишната ноќ, како и дека била изедена операција во периодот од 28 до 31 декември, во која се приведени 63 лица осомничени за поврзаност со ИД.
Според информациите што ги добила МИТ, ИД планирала да постави бомби, да изврши напади со бомбаши-самоубијци или вооружени напаѓачи врз ноќни клубови и места со многу луѓе каде се чека Новата година во Анкара, Истанбул, како и во јужните турски покраини Адана, Анталија и Мерсин. с
Ново на Сител
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци
-
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
-
Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада
-
Внимавајте: Се шири линк до лажна веб страна на Владата која краде податоци за кредитни картички
-
Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница