-->
-->
Кинезите не жалат пари, понудија 90 милиони за Коста
-->
Челниците на кинескиот фудбалски прволигаш Тианџин Кванџиан понудиле дури 90 милиони евра за напаѓачот на Челзи, Диего Коста.
Водството на клубот кој од клупата го води Италијанецот Фабио Канаваро првично понудиле 60 милиони евра, но од Челзи веднаш ја одбиле понудата. Кинезите потоа ја зголемиле понудата, па прашање е како сега ќе реагира сопственикот на лондонскиот клуб, Роман Абрамович.
Бразилецот со шпански пасош оваа сезона е водечки стрелец во англиската Премиерлига со 14 голови.
Коста дојде во Челзи во јули 2014 година од Атлетико Мадрид за сума од 40 милиони евра.
Главни ѕвезди на Тианџин Кванџиан се поранешниот играш на украинскиот Шахтјор, Бразилецот Жадсон, и неговиот сонародник Гуванио.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јун прогласи воена состојба во Јужна Кореја
-
Се шири блокадата на факултетите во Белград
-
Леброн: Имаме проблеми во нападот
-
Загина градежен работник во Гевгелија
-
УЕФА ја казни Легија поради однесувањето на навивачите на мечот со Динамо Минск
-
Традиционална донаторска акција во Веро: Заокружи сметка за весели празници на децата од СОС Детско село
-
Елтон Џон со сѐ послаб вид, не можел да ја проследи претставата „Ѓаволот носи Прада“
-
На готвач му украле комбе со 2.500 пити, тој повика да ги даруваат на гладни и изнемоштени лица