-->
-->
Груевски: Поголем број инвестиции, работни места и зголемување на стандардот
-->

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во новогодишно обраќање порача дека напорите на сите по неодамнешните парламентарни избори треба да бидат во насока на развој на државата, како и да се намали преголемиот политички јаз и да се надградуваат меѓуетничките односи.
- На сите нам ни е потребен уште позасилен економски развој, нови работни места, повисок стандард, повисоки плати, пензии, субвенции, повеќе можности и шанси особено за секој млад човек, поспокојни денови за пензионерите, поголема сигурност за земјоделците, извесност и перспектива. Оттука, нашите напори треба да се концентрираат во тој правец, рече Груевски.
Ветувањата од кампањата, потенцира, мора да се реализираат, а по формирањето на владата да се работи на развој, реформи и приоритетите за членство во ЕУ и НАТО.
- Разгорените страсти и преголемиот политички јаз да се намалат и нормализираат, меѓуетничките односи да се надградуваат во позитивен дух. Изборите се зад нас, и по формирањето влада треба да се зафатиме со работа и активности на економски план, на планот на реформите во сите области, на планот на стратешките приоритети за приклучувањето на Македонија кон НАТО и ЕУ, на продолжување на градење соживот и заедничка иднина за сите нас, а особено за младите. Ние сме подготвени за тоа, рече Груевски во новогодишното обраќање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
-

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи
-

Уапсен гостиварчанец, возел со 3,05 промили алкохол во крвта
