-->
-->
Mурињо: Ибра ќе се пензионира на Олд Трафорд!
-->
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, ја отфрли можноста Златан Ибрахимовиќ по завршувањето на сезоната да го напушти „Олд Трафорд“.
Ибрахимовиќ со Јунајтед има потпишано едногодишен договор, истиот истекува во јули наредната година, а во него е вметната клаузулата дека тој може да биде продолжен за уште една година.
Мурињо има намера да ја активира клаузулата и да стави крај на шпекулациите дека Швеѓанецот по завршувањето на сезоната ќе се пресели во американската МЛС лига.
„Клаузулата е активирана во мозокот на Ибрахимовиќ, но и кај мене и кај клупските челници. Околу тоа не постои никаков проблем“, изјавил Мурињо за Sky Sport.
„Сигурен сум дека тој не дојде во Премиерлигата онака, тој сака да се докаже тука. Дали ќе биде неуспешен во Јунајтед? Мислам дека тоа не е можно. Јасно е дека е подготвен за сите напори кои ги бара Премиерлигата, а така ќе биде и во наредните сезони“, порачал Мурињо.
Во досегашниот тек од сезоната 35-годишниот напаѓач е најдобриот стрелец и играч на Јунајтед, во сите натпреварувања одиграл 26 натпревари и постигнал 18 голови.
Ибрахимовиќ во кариерата настапувал за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан и ПСЖ, со сите барем еднаш бил шампион, но никогаш во кариерата не ја освои Лигата на шампионите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори
-
Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија
-
Велики четврток - почнуваат велигденските празнувања