Потпишан договор за изградба на тениски терени во Аеродром

Договор за изградба на Тениски центар покрај кејот на реката Вардар денеска потпишаа Општина Аеродром и компанијата „Спортски тениски центар Скопје-Тенис парк“.
Градоначалникот на општината Ивица Коневски информира дека ќе бидат изградени четири тенески терени на тврда и исто толку на земјена подлога со современи материјали и други компатабилни содржини.
- Овој проект треба да се реализира во наредните три години, а ќе започне во почетокот на 2017 година. Проектот ќе биде изграден во близина на СЦ Јане Сандански, истакна Коневски.
Според него, приватниот партнер се обврзува бесплатно да организира два тениски турнира годишно „Аеродром опен“ за сите ученици во основните училишта на територијата на општината, како и еден ден во неделата бесплатно користење на терените за сите граѓани.
Министерот за финансии Кирил Миноски нагласи дека Министерството поддржува проекти како што е овој од јавно-приватно партнерство преку кој, како што рече, се постигнуваат повеќе цели.
- Една цел е поттикнување на спортската вредност и култура, облагородување на просторот којшто во моментот не е уреден, а од друга страна се поттикнува локалниот елкономски развој кој што претставува основен интерсес на Министерството за финансии, истакна Миноски.
Порача дека Министерството за финансии и во иднина ќе ги поддржуваат ваквите иницијативи кои се во интерсес на граѓаните.
Преставникот на СТЦ Ратко Капушевски рече дека инвестицијата е во целосна општествена одговорност од социјален аспект на Сергеј Самсоненко кој ваков комплекс изградил во неговиот реден град Ростов на Дон во Русија како и во Германија кои до сега биле посетени од познати светски тенисери.
- Инвестицијата ќе чини над два милиони евра, а изведувач е „Балкан груп констракшн“ кој според договорот, тениските терени треба да ги изгради до крајот на 2017 година, а во текот на 2018 ќе бидат реализирани и компатибилните содржини, рече Капушевски.
Терените ќе бидат изградени според високи меѓународни стандарди, со цел тие да можат да се користат за организирање државни и межународни професионални натпревари.
Ново на Сител
-

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
