Aпелација потврди: 20 години затвор за Хаџиски

Апелацискиот суд – Скопје ја потврди првостепената пресуда од 20 години затвор на Миле Хаџиски за убиството на Мери Јошевска, кое се случи во јуни 1993 година во Скопје, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1.
Кривичниот суд во Скопје го осуди Хаџиски на 20-годишна затворска казна лани во декември, во повторен судски процес, бидејќи обвинетиот над 20 години беше во бегство пред да биде уапсен и екстрадиран во земјава од француските власти.
Миле Хаџиски од земјава побегна во 1995 година и во отсуство беше осуден на 20 години затвор. Додека е во бегство, Хаџиски ѝ се приклучува на француската легија на странци, а во меѓувреме го менува идентитетот и станува Зоран Томановиќ.
Пред четири години, тој беше уапсен од швајцарската полиција, под сомнеж дека е член на познатата криминална група Пинк Пантер, но успева да побегне од затвор за потоа да биде повторно уапсен од француските власти и екстрадиран во земјава.
Во повторениот судски процес, кој почна лани во октомври, Хаџиски ја отфрли вината за убиството на Јошевска и тврдеше дека не се сеќава на ништо.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
