Тур-операторот „Томас Кук“ почнува со работа во Македонија

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Кристијан Џамбазовски денеска на прес-конференција ќе го претстават тур-операторот „Томас Кук“ кој почнува со работа во Македонија.
На конференцијата ќе биде присутен и Феликс Хортолами, менаџер за склучување договори на компанијата „Томас Кук“ за Белгија.
„Томас Кук“ е најголемиот и најстар тур оператор во светот, со седиште во Англија. На 5-ти август годинава претставници на компанијата ја посетија Македонија. Претходно, директорот на Агенцијата Џамбазовски имаше средба со директорот на „Tомас кук“ Тим Џотс, во седиштето во Англија, на која присуствуваа и менаџерите за Германија и за Белгија, Феликс Хортолами и Стефан Џоли. Џамбазовски тогаш им ги презентира условите кои ги нуди Владата за субвенционирање на туризмот, како и инвестирањето во маркетинг кој е исплатлив за Македонија.
Ново на Сител
-

Во Белград уапсен сопственикот на „Информер“ Драган Вучиќевиќ
-

Реал со пресврт до убедлив триумф над ПСВ Ајндховен
-

Српски државјанин осомничен за криумчарење 5.000 штеки цигари преку ГП „Богородица“
-

„Matto Napoletano“ во трка за најдобра пицерија во светот – еве како да ја поддржите
-

„Панини“ и „Рокстар“ ги здружија силите – љубителите на ГТА VI ќе можат да собираат сликички
-

Фирмите со сметки во Алта банка од денеска неограничено ќе располагаат со новите приливи
-

Шефот на „Енвидија“ се врати на функцијата, им се извини на вработените и откри дека оди на терапија
-

Најстудено утрово во Берово, -11 степени, температури под нула насекаде во државата
